Реал потврди: Бензема позитивен на коронавирус!

Карим

Карим Бензема добил позитивен тест на коронавирус, соопшти Реал Мадрид. Францускиот напаѓач веднаш ги презеде сите безбедносни мерки и замина во самоизолација.

Првичните информации велат дека голгетерот се чувствува добро. Останува само да остане во карантин, а потоа да мисли на подготовките за новата сезона со „кралевите“.

По настапот на Европското првенство, 33-годишникот замина на годишен одмор. Во тој период се зарази со вирусот, па сега ќе мора да почека, пред да им се врати на фудбалските обврски.

Ланската сезона Бензема беше еден од најдобрите фудбалери на Реал. Неодамна го продолжи договорот и остана верен на клубот во кој што помина поголем дел од својата кариера.