ВИДЕО: Реал со вкупни 10-1 против Мелиља патува во осминафиналето во Купот на Кралот

Со вкупен резултат од 10-1 против нисколигашот Мелиља, шпанскиот гигант Реал Мадрид успеа да се пласира во осминафиналето на Купот на Кралот. 

Иако комбиниран, вечерва „кралскиот“ состав повторно беше пресилен за противникот, кој на „Сантијаго Бернабеу“ беше почестен со шест гола, по три во двете полувремиња. Во првиот дел, „мразот го скрши“ Асенсио со голови во 33. и 35. минута, а пред крајот на 3-0 зголеми Санчез. Во вториот дел на сцена стапија Иско со два гола и Жуниор Винициус со еден гол. Почестниот погодок за Мелиља го постигна Ќасми од пенал во 81. минута, за конечни 6-1. 

Покрај Реал Мадрид, денес пласман во осминафиналето обезбеди и тимот на Енис Барди, Леванте, кој го доби двомечот со тимот на Луго