Реал нуди ѕвезда и пари за Пол Погба, но Солскјер тешко дека ќе прифати! 

Реал Мадрид посакуваат по секоја цена да го доведат Пол Погба, врз кого Зинедин Зидан има желба да ја гради играта на „новиот кралски“ проект. 

Шпанскиот гигант веќе неколку пати испратил понуди на адресата на Манчестер Јунајтед, но истите веднаш беа одбиени, затоа што не биле усогласени со барањата на „црвените ѓаволи“. Наводно, како што пишуваат британските медиуми, Јунајтед бара 170 милиони евра, сума на пари која е превисока дури и за еден Реал Мадрид. 

Но, „кралевите“ скроија нов план, па решија да го понудат Герет Бејл плус пари за да го обезбедат потписот на светскиот шампион со Франција. Иако за многумина оваа понуда е примамлива, тешко веројатно дека ќе наиде на согласност од страна на менаџерот на Јунајтед, Оле Гунер Солскјер. 

Норвешкиот стратег веќе неколку пати нагласи дека својот тим сака да го гради со млади и талентирани играчи, а но со веќе докажани и скапи, па така многу лесно и овој обид на поранешниот првак на Лигата на шампионите може да биде неуспешен. 

Англискиот гигант ова лето доведе две засилувања, Џејмс и Ван Бисака, кои имаат по 21 година.