Реал не завршил со пазарење, до понеделник се очекуваат една до две „бомби“!

Реал Мадрид беше еден од најактивните клубови во летниот трансфер-период. Доведе неколку засилувања, потроши над 300 милиони евра, но не застанува. 

Барем така најави тренерот на тимот Зинедин Зидан. Францускиот стратег во пресрет на денешниот натпревар со Виљареал во рамки од третото коло на Примера пред новинарите изјави дека до понеделник може сè да се случи на тренсфер пазарот и може да добие едно до две големи засилувања. 

„Сè може да се случи до понеделник. Една бомба, или пак две... но да го оставиме тоа на надлежните лица. За мене во овој момент најважен е дуелот со Виљареал“, рече Зидан. 

Според шпанските медиуми најблиску до премин во Реал Мадрид е најскапиот „ѓавол“ Пол Погба, кој стартуваше во очајна форма во новата сезона и доби низа критики од фановите на Јунајтед.