Реал не застанува: Со 113 милиони евра „краде“ уште една голема ѕвезда на Премиер лигата

Веќе е познато дека еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем во последните сезини, Кристијан Ериксен, ова лето го напушта „Вајт Харт Лејн“ и својата кариера ќе ја продолжи во друг клуб. 

Засега сè е сведено на шпекулации околу неговата следна дестинација, а шпанскиот медиум „Диарио Гол“ екскузивно открива дека веќе сè е договорено и Ериксен наскоро ќе стане нов „крал“. 

Според истиот медиум Реал Мадрид ќе реализира уште ден трансфер од над 100 милиони, колку што беше платен оној на ѕвездата на Челзи, Еден Азар. 

Наводно касата на Тотенхем ќе биде наполнета со 113 милиони евра, плус бонуси, а Данецот ќе потпише повеќегодишен договор. Ериксен беше еден од најдобрите фудбалери на „спарси“ во изминатата сезона, во која го одведе тимот до историско прво финале на Лигата на шампионите.