Реал не се откажува од Погба и нуди своја голема ѕвезда за возврат

Не е тајна дека Пол Погба е голема желба на Зинедин Зидан и Реал Мадрид. Но, „кралевите“ никако не можат да дојдат до вистински преговори со францускиот ас, затоа што Манчестер Јунајтед досега ги одбил сите понуди пристигнати за неговиот услуги. 

Сепак, од редовите на Реал Мадрид најавуваат нова офанзива за потписот на светскиот шампион, и се подготвени на спротивната страна да го испратат Герет Бејл, открива „Лос Бланкос“. Велшкиот ас не е во добри односи со Зидан и не ужива во престојот во Мадрид, но не ни сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, тоа го докажа ова лето кога одби богата понуда од Кина

Истиот медиум тврди дека Реал оваа размена ќе ја понуди уште во јануарскиот трансфер период, но засега не е познато колку Јунајтед е заинтересиран за оваа зделка. Оле Гунер Солскјер неколку пати најави дека сака тимот да го засилува со млади и талентирани играчи, а не со веќе проверени, па затоа се верува дека и овој обид на Реал многу лесно ќе падне во вода. 

Бејл иако беше исфрлен од тимот на Реал, поради бројните повреди на „кралевите“ Зидан се реши да го врати во првиот состав и Велшанецот веднаш блесна и заедно со Карим Бензема се најдобрите фудбалери на поранешниот европски шампион оваа сезона.