Реал на еден месец пред крајот го „затвори“ летниот трансфер рок

Реал Мадрид веќе го затвори кругот на фудбалери за следната сезона. Европскиот првак се засили со Килиан Мбапе кој дојде бесплатно од ПСЖ и младиот Ендрик кој за речиси 50 милиони евра се пресели од Палмеирас во Мадрид.

„Кралскиот“ клуб се бореше и за потписот со Лени Јоро од Лил, меѓутоа Манчестер Јунајтед плати вртоглава сума и го доведе младиот стопер. Токму на оваа тема прашање доби тренерот Карло Анчелоти. Тој откри дека Реал нема намера да бара нов стопер, а потврди и дека трансфер периодот е затворен за шампионот на Европа и Шпанија.

„Нема да доведеме нов стопер. Тимот е веќе затворен, нема да доведеме ниту еден нов фудбалер. 

За дефанзивата се врати Ваљехо, Алаба заздравува, а разгледуваме и неколку опции од академијата. Мислам дека нема да има ниту заминувања, никој не сака да си оди. Имаме спектакуларен состав“, изјави Анчелоти.

Веќе неколку години Реал Мадрид работи на сличен начин, а модулот им функционира одлично. Освен по едно-две капитални засилувања клубот не троши пари на други фудбалери, со тоа не се менува тимот кој од година во година се воигрува. 

Страшно ќе изгледа Реал со офанзивниот потенцијал кој го поседува, тука се Мбапе, Винициус, Родриго, Ендрик, Белингем...

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.