ВИДЕО: Реал му подели лекција на Еибар и го запоседна врвот на Примера

Реал Мадрид го одигра најдобриот натпревар на гостински терен оваа сезона во Примера и со убедлива игра го порази Еибар (0-4).

Тренерот Зинедин Зидан конечно може да биде задоволен од играта на својата екипа. Веќе по половина час игра беше познат исходот од овој натпревар. Два пенали, во реализација на Рамос и Бензема, и уште еден погодок на Французинот донесоа сигурна предност за „кралевите“.

  • Извештај од натпреварот: 

Младиот Валверде на асистенција на Модриќ го докрајчи противникот во второто полувреме. Мадриѓани потврдија дека се во одлична голгетерска форма, постигнувајќи десет гола на последните два натпревари во сите конкуренции.

На врвот Примера сега е Реал, во очекување на денешниот натпревар на Барселона против Селта на „Камп Ноу“.