• Иван Димовски
Реал Мадрид покажа „благодарност“ кон украинскиот голман Андреј Лунин и го награди со нов договор.
Украинецот кој минатата сезона беше „џокерот“ кој перфектно го замени повредениот Тибо Куртоа и успешно го водеше тимот со своите одбрани низ нокаут рундите во Лигата на шампионите останува во Мадрид. Лунин парафира нов договор со важност до 2030 година
#Lunin2030 pic.twitter.com/gRcPPvcN0M
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) September 13, 2024
Иако Лунин е резерва на Куртоа, белгискиот ветеран нема вечно да биде „единица“ на Реал. Клубот сака да се осигура во случај на повреди или пад на перформансите, а во Украинецот има сигурна и стабилна опција.
Инаку, Андриј Лунин е вклучен во изборот за наградата „Јашин“ на „Франс Фудбал“ за најдобар голман во сезоната 2023/24.