• Мартин Танасковски
Екипата на Реал Мадрид во официјално соопштение објави дека се завршени дисциплинските постапки против Федерико Валверде и Орелиен Чуамени по инцидентите што доведоа до внатрешна истрага во клубот.
Според соопштението, двајцата фудбалери кои во повеќе наврати имале кавга во изминатите денови, а медиумите шпекулираа и за физичка пресметка која подоцна беше демантирана, денеска се појавиле пред истражителот задолжен за случајот, каде што изразиле целосно каење за случувањата и меѓусебно си се извиниле.
Воедно, Валверде и Чуамени упатиле извинување и до клубот, соиграчите, стручниот штаб и навивачите, а нагласиле и дека се подготвени да ја прифатат секоја санкција што ќе ја одреди Реал Мадрид.
По разгледувањето на случајот, клубот донел одлука на двајцата играчи да им изрече парична казна од по 500.000 евра, со што официјално се затвора внатрешната дисциплинска постапка.
