Реал Мадрид вечерва може да стане ЕДИНСТВЕН во Лигата на шампионите

Реал Мадрид

Историјата на Реал Мадрид во Лигата на шампионите е добро позната, а вечерва на дуелот со Шахтјор таа би можела да добие нова страница.

Триумф над украинскиот претставник ќе ги однесе „кралевите“ на чекор од нокаут фазата. Првиот гол ќе биде исклучително важен за домашниот тим, кој стои на една реализација на јубилеј во елитното натпреварување.

Шпанскиот гигант, кој е рекордер во многу категории, би можел да стане прв тим кој ја достигнал границата од ИЛЈАДА погодоци во ЛШ. Најмногу од нив стојат зад името на Кристијано Роналдо (106), Раул Гонзалез е втор со 66, а веднаш за него е Карим Бензема (61).

Далеку зад Реал стои Баерн Минхен со 763 гола, а потоа следува Барселона која има постигнато 654 погодоци.