Реал Мадрид троши пари како од шега: Го сруши клупскиот рекорд, но допрва...

Еден од најтрофејните клубови во фудбалскиот свет, Реал Мадрид, зад себе остави катастрофална сезона. По трите круни во низа во Лигата на шампионите, „кралевите“ одиграа далеку под очекувањата во штотуку изминатата сезона, па затоа Флорентино Перез се реши на големи реформи.

Прв потег му беше враќањето на Зинедин Зидан, за потоа да го одврзе ќесето и да почне да троши пари како на шега. Досега, на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнаа пет засилувања за кои се потрошени неверојатни 303 милиони евра. Со ова за речиси повеќе од 50 милиони евра е срушен клупскиот рекорд од пред 10 години, кога тимот го засилија Роналдо, Кака, Бензема, Алонсо...

Нови членови на „кралевите“ станаа Азар, Јовиќ, Милитао, Менди и Родриго, но како што најавуваат шпанските медиуми допрва следува трансфер-лудилото и се претпоставува дека ќе бидат потрошени над 500 милиони евра. 

Се разбира, овие трансфери ќе повлечат и неколку заминување од „Сантијаго“, а се очекува клубот да го напуштат дури 13 фудбалери, меѓу кои се Бејл, Навас, Марсело, Родригез...