Реал Мадрид се засили со уште една ѕвезда без обештетување!

Реал Мадрид доведе уште еден фудбалер без обештетување. „Кралскиот“ клуб и Ибраима Конате постигнаа договор според кој францускиот дефанзивец ќе стане нов фудбалер на „кралскиот клуб“.

Конате потпиша договор на четири сезони, кој ќе важи до 30 јуни 2030 година, со што Реал Мадрид дополнително ја зацврстува одбранбената линија за иднината. Со овој трансфер, „кралевите“ добиваат физички моќен и модерен стопер, кој веќе се има докажано на највисоко ниво во европскиот фудбал. Повеќе детали околу трансферот, вклучително и финансиските услови, засега не се објавени.

Конате е вториот нов фудбалер на Реал Мадрид кој на „Сантијаго Бернебеу“ пристигнува за џабе, откако претходно потпис стави и екс-играчот на Манчестер Сити, Бернардо Силва.

Искусниот стопер претходно преговараше со Ливерпул за нов договор, но двете страни не успеаја да се договорат околу платата. Конате за Ливерпул одигра 183 натпревари и освои Премиер лига, ФА Куп и два Лига купа. Во Ливерпул пристигна од РБ Лајпциг во 2021 година за 35 милиони фунти.