• Саше Љолес
Доскорешниот фудбалер на Ривер Плата, Франко Мастантуоно, официјално стана нов играч на најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид.
„Кралевите“ го потврдија трансферот на седумнаесетгодишниот играч од средниот ред, кој потпиша договор со важност до 2031 година. Вредноста на трансферот не е наведена, но медиумите блиски до Реал Мадрид тврдат дека се работи за сума од околу 45 милиони евра.
Мастантуоно е најмладиот стрелец во историјата на Ривер Плата, а исто така и најмлад играч кој настапил за сениорската репрезентација на Аргентина. Дебитантскиот меч го одигра на шести јуни, кога „гаучосите“ се сретнаа со Чиле во мундијалските квалификации.