• Саше Љолес
Англиските медиуми пишуваат дека великанот Реал Мадрид целосно се откажал од идејата за евентуален трансфер на капитенот на Кристал Палас, Марк Геи.
Оваа одлука на „кралевите“ доаѓа откако англискиот премиерлигаш поставил многу високи финансиски барања, па затоа решиле да почекаат до јуни, кога ќе истече договорот на Англичанецот, кој потоа ќе може како слободен агент да премине во Мадрид.
Геи сеонава прикажува извонредна форма, уште подобра од минатата година, со што го привлече вниманието на најголемите европски клубови. Се шпекулира дека доколку пропадне неговиот трансфер во Реал Мадрид, прв фаворит за потписот ќе биде актуелниот англиски шампион - Ливерпул.
Геи е англиски репрезентативец од 2022 година и досега впиша 26 официјални настапи за својот национален тим.









