ВИДЕО: Реал Мадрид се лизна кај Леганес, фаворитот само до бод

Реал Мадрид никако да фати победнички ритам оваа сезона. По триумфот над Еибар, „кралевите“ гостуваа кај Леганес, но од гостувањето во рамките на 32. коло мора да се задоволат само со бод затоа што мечот заврши 1-1 (1-0).

  • Извештај од натпреварот: 

Големиот фаворит имаше шанси да победи, но недостасуваше реализацијата. Леганес поведе од првата шанса на натпреварот, па Реал Мадрид мораше да се спасува во вториот дел. „Кралевите“ можеа да си одат со празни раце, ако голот кој го даде Леганес, втор во мрежата на Навас, не беше поништен поради офсајд.

Се играше мирно без сериозни шанси 45 минути, а кога сите очекуваа крај на првиот дел, падна гол во мрежата на мадриѓаните. Стрелец беше Силва, кој доби топка и ја смести зад грбот на Навас. На самиот старт на вториот дел, изедначи Карим Бензема, кој налета на одбиена топка по еден негов шут и ја стресе мрежата на Леганес.

Потоа, Реал Мадрид имаше две убави шанси за гол, преку Асенсио, но истите не беа искористени, додека Леганес стрелаше во 83. минута преку Ел Несјри, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Реал Мадрид е на третото место во Примера со 61 бод, дури четири помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид. Леганес, пак, се наоѓа во средината на табелата во шпанскиот шампионат.