Реал Мадрид повторно за џабе носи дефанзивец од Ливерпул

Францускиот фудбалер, Ибрахима Конате, е во напредни преговори со Реал Мадрид. Конате, на кого му истекува договорот со Ливерпул на крајот од јуни, е блиску до договор да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч.

Тој претходно преговараше со Ливерпул за нов договор, но двете страни не успеаја да се договорат околу платата. Конате за Ливерпул одигра 183 натпревари и освои Премиер лига, ФА Куп и два Лига купа.

Во Ливерпул пристигна од РБ Лајпциг во 2021 година за 35 милиони фунти. Конате ќе стане втор играч на Ливерпул кој без обештетување ќе премине во Реал Мадрид, откако тоа минатата година го направи Трент Александер-Арнолд.