Реал Мадрид потврди, Дин Хуијсен од Борнмут во Шпанија за 60 милиони!

Шпанскиот великан Реал Мадрид и официјално го потврди трансферот на стоперот од Борнмут, Дин Хуијсен, кој пристигна за сума од шеесет милиони евра. 

20-годишниот фудбалер ќе го засили најтрофејниот европски клуб и ќе може да настапи на Светското клупско првенство, а Реал Мадрид ќе ја исплати сумата за отштета на неколку рати, заклучно со крајот на 2026 година. 

Младиот шпански стопер потпиша петгодишен договор со „кралевите“ и се очекува да биде одлично засилување за одбраната.