Реал Мадрид потпиша нов договор со „Емирати“ од ПОЛОВИНА милијарда евра!

Авиокомпанијата „Емирати“, со седиште во Дубаи, го продолжи спонзорскиот договор со Реал Мадрид на уште пет години, односно до 2031 година.

„Реал Мадрид и „Емирати“ го обновија партнерството, така што најголемата светска авиокомпанија ќе остане главен спонзор на нашиот клуб до 2031 година“, соопшти мадридскиот гигант.

Во соопштението не е наведена вредноста на договорот, но шпанскиот весник „АС“ пренесе дека станува збор за сто милиони евра по сезона.

„Емирати“ стана спонзор на Реал Мадрид во 2011 година, а главен спонзор на клубот е од 2013 година. Логото на компанијата се наоѓа на дресовите на фудбалерите и кошаркарите на Реал Мадрид.