Реал Мадрид покажа незадоволство од судењето во финалето на Купот на Кралот

Барселона успеа да го добие „Ел Класикото“ со Реал Мадрид со 3-2 и со тоа го освои својот втор трофеј годинава, откако по Суперкупот дојде и до Купот на Кралот. Реал Мадрид, кој имаше револт од судиите пред мечот, остана на ист став и по него и ги изброи сите грешки на судијата Рикардо де Бургос Бенгочеу на својата клупска телевизија

Во 67. минута, играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, направи прекршок над Килијан Мбапе, кој се упати кон шеснаесетникот. Де Јонг доби само жолт картон, што предизвика нови реакции:

„Ова беше чист пенал. Гонзалез Фуертес (ВАР судијата) ја прегледа снимката со брзина на светлината. Ќе мора да се потпреме на полуавтоматскиот систем за офсајд. Очигледно го направи тоа, тоа беше старт. Гонзалез Фуертес претходно изјави дека ќе преземе мерки против Реал – ова се чини дека е првиот чекор. Тој покажа црвен картон за слични прекршоци во други натпревари.“, велат на Реал Мадрид ТВ.

Дуелот во Севиља понуди многу возбудувања, а имаше и поништени голови, поништени пенали со ВАР, картони по крајот...