Реал Мадрид подготвува трансфер „бомба“ - Мохамед Салах ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“!?

Флорентино Перез и Зинедин Зидан разочарани од последната сезона на Реал Мадрид во претстојниот преоден рок се очекува „кралскиот клуб“ да го засилат со неколку фудбалери.

Во прв план е доаѓањето на Еден Азар, чиј трансфер според многумина веќе е завршена работа, а сега веќе се обелодени и шпекулација дека се започнати преговори со Мохамед Салах, вест која ја пренесе новинар на „Канал плус“. 

Со доаѓањето на Салах на „Сантијаго Бернабеу“, Зинедин Зидан би го решил својот главен проблем, а тоа е напаѓачката линија, каде тимот минатата сезона зависеше само од Карим Бензема. Салах за тимот на Ливерпул одигра 103 натпревари и постигна 70 гола, со што е еден од најдобрите напаѓачи во изминатите години.

Дали оваа нова желба на „кралевите“ и ќе се реализира останува да покаже периодот кој следи, но едно е сигурно - Реал Мадрид ќе направи голема реконструкција, а за тоа Зинедин Зидан на располагање ќе има околу 500 милиони евра.