• Мартин Танасковски

Екипата на Реал Мадрид претстави ново име за следната сезона, затоа што одлучи во своите редови да го врати Брахим Диаз, кој во изминатите три сезони беше позајмен во италијански Милан.
23-годишниот Шпанец по три години во калчото се враќа во Примера, а со Реал Мадрид потпиша договор до 2027 година. Официјалното претставување на играчот е закажано во петок, а новиот договор во Мадрид е со далеку подобри услови од претходниот.
Диаз за Реал Мадрид потпиша во јануари 2019 година, кога дојде од тимот на Манчестер Сити за 17 милиони евра. Имаше договор до 2025 година, а во меѓувреме затоа што беше прекуброен, три години беше во Милан каде се наметна како редовен првотимец.
Шпанецот забележа 124 настапи за Милан, на кои запиша 18 гола и 15 асистенции.