Реал Мадрид откри дека Серхио Рамос е позитивен на коронавирус!

Серхио Рамос

Реал Мадрид ѝ соопшти на јавноста дека капитенот Серхио Рамос е позитивен на коронавирусот. 

Дефанзивецот поради повреда не е дел од тренинзите на фудбалерите, меѓутоа постојано е заедно со соиграчите за време на натпреварите. 

Засега само тој има позитивен корона-тест меѓу „кралевите“, кои оваа недела ќе играат за пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите. Противник им е Ливерпул, против кого имаат предност од 3-1 по првиот меч на домашен терен.

Иднината на Рамос е неизвесна, бидејќи клубот и натаму не му нуди нов договор. Останува да видиме дали на крајот од сезоната шпанскиот репрезентативец ќе ја промени играчката средина по долги години.