„Реал Мадрид не сакаше Роналдо да ја освои „Златната топка“...

Кјелини Роналдо

Вчера во Париз, Лионел Меси беше крунисан за најдобар фудбалер за изминатата година и ја освои шестата „Златната топка“.

ПОВРЗАНО >> Рекордна ШЕСТА „Златна топка“ за Лионел Меси!

Интересен коментар за победата на Аргентинецот даде капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини. Искусниот Италијанец застана во одбрана на својот соиграч Кристијано Роналдо и рече:

„Победата на Меси? Вистинскиот грабеж беше минатата година. Реал Мадрид не сакаше Кристијано да ја освои „Златната топка“. И тоа не го велам само јас. Тоа беше евидентно. Тоа значи дека оваа година требаше да победи Ван Дајк, а изминатите Гризман или Погба“.

Кјелини ги спореди Роналдо и Меси со ривалството кое го имаат двајца од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер и Рафаел Надал.