• Горан Упале

Кога станува збор за натпреварите за трофеј, обично Реал Мадрид е тој што последен се смее. „Кралскиот“ клуб и овојпат нема да ја пропушти можноста да ја збогати трофејната ризница. Мадрид во сабота ќе игра за осмата светска шампионска титула во клупската историја. Тие освоија три додека се играше Интерконтиненталниот куп против шампионот на Јужна Америка, а уште четири во сегашниот формат на Светското првенство за клубови каде што учествуваат претставници од сите континенти.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Реал Мадрид - Ал Хилал
Последна пречка на Реал на турнирот во Мароко ќе биде Ал Хилал за кого ова е прво финале во клупската историја. Саудискиот гигант веќе приреди изненадување во полуфиналето елиминирајќи го јужноамериканскиот шампион Фламенго, но сега му претстои многу потешка задача. Освен што Фламенго не е во вистинската форма, „кралевите“ се далеку посилен и поискусен тим.
Во полуфиналето Реал имаше чуден меч против египетскиот Ал Ахли. Поведе со 2-0, пропушти неколку шанси да ја „убие“ средбата, се плашеше во финишот и потоа во судиското надополнување со два гола дојде до убедливи 4-1. Но, во добар дел од тој натпревар Ал Ахли ги мачеше европските шампиони и ги држеше под притисок. Тој ги намириса неговите дефанзивни недостатоци, максимално го искористи немоќниот Камавинга како лев бек и создаде значителен број на шанси.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ќе мора да ги поправи тие минуси во играта, има проблеми што не може да смета на важни играчи како Бензема, Куртоа, Менди, но и со шарен состав Реал е голем фаворит. Реал научи дека финалињата не се играат туку се добиваат.