Реал Мадрид не го доби посакуваното одложување на премиерниот меч во Примера

Шпанската фудбалска федерација го одби барањето на Реал Мадрид за одложување на натпреварот против Осасуна во првото коло на Примера

„Кралевите“ бараа мечот да се игра подоцна поради исцрпувачката сезона која заврши пред само две недели, но федерацијата реши дека нема поместувања во календарот. Шпанскиот гигант стигна до полуфиналето на клупскиот Мундијал, каде беше поразен од францускиот ПСЖ, по што играчите веднаш заминаа на заслужен одмор. 

Комисијата за натпреварување на шпанската Примера соопшти дека барањето е одбиено порадуи густиот распоред за следната сезона и не сака да се доведе во ситуација каде и други клубови би барале одложување на мечевите за нов термин. 

Новото првенство во Шпанија започнува на 15 август. Актуелен бранител на шампионската титула е Барселона

ФОТО/PHOTO: Real Madrid CF/Facebook