Реал Мадрид му понуди нов договор на Кејлор Навас, но со помала плата од сегашната

Костариканецот Кејлор Навас ќе ја продолжи соработката со Реал Мадрид на уште една година и нема да биде понуден на другите европски клубови во зимскиот преоден рок. Посточекиот договор на Костариканецот истекува во 2020 година, а eвропскиот првак како знак на доверба и лојаност му понуди уште една сезона. 

Според новиот договор, Кејлор Навас ќе добива пет милиони евра годишно, еден помалку од стариот потпишан пред четири години, кога одличниот чувар на мрежата го напушти Леванте за да се пресели во Мадрид. 

Навас освои три титули по ред во Лигата на шампионите, но по доаѓањето на Тибо Куртоа, е резервна опција кај Сантијаго Солари.