Реал Мадрид мора да слави против омилениот ривал

Мадриѓани се наоѓаат во жестока битка за титулата, а на гости им доаѓа екипата која игра одлично оваа сезона, но традиционално му е лесен ривал – Севиља, која загубила на секое гостување кај Реал од 2008 година до сега.

Севиља никој не ја сметаше за конкурент во интересната борба за титулата во Шпанија бидејќи сепак таму играат поквалитетните Реал, Барселона и Атлетико. Сепак, реалноста е дека андалужани до пред неколку дена имаа сериозни адути во ракавот. Тогаш им се случи неочекуваниот пораз од Билбао и стана јасно дека момците на Лопетеги отпаднаа од конкуренција. 

Сите квоти во MOZZART од натпреварот Реал Мадрид - Севиља

Тој резултат му оди од рака на наредниот ривал на Севиља – Реал Мадрид. Кралскиот клуб нема право на грешка. Победа и поволен резултат во дербито меѓу Барселона и Атлетико би можело лесно да им даде „крилја“, а факт е дека Севиља нема повеќе многу големи натпреварувачки мотиви – бидејќи Лигата на шампионите веќе ја обезбедија, а тоа ќе му олесни на Реал.
Вистина, Реал доаѓа на овој натпревар во незгоден момент, по тешкото гостување во Лондон, меѓутоа традицијата вели дека Севиља баш му лежи. Мадриѓани ја добија секоја средба на свој терен од 2008 година, тоа се 15 натпревари и исто толку победи. За доминацијата на Реал во тие натпревари најдобро зборува фактот дека Севиља како гостин не даде гол на четири од претходните шест натпревари во Мадрид. Исто така, сметајќи ги сите дуели, Реал мрежата ја сочува на три од четири пресметки со Севиља, а притоа прими само еден гол. Сепак, никогаш не даде повеќе од два, барем во споменатите дуели. 

Сите квоти во MOZZART од сите натпревари во Примера

Севиља веќе неколку седмици има сериозни проблеми со реализацијата. Тој проблем излезе на виделина најдобро против Билбао, а некако се недополни со формата на првиот стрелец Јусеф Ен Несири, кој даде само два погодоци во последниот месец и половина.
На проблематичната голгетерска форма на Севиља се надоврзува сè подобрата форма на одбраната на Реал. До натпреварот против Челзи во Лондон, момците на Зидан нанижаа неколку добри дефанзивни перформанси, примија само еден гол на шест натпревари. Имајќи во предвид дека се враќа во тимот и Серхио Рамос... 

Кец сам по себе плаќа добро – 2,10. Кој се сомнева, тука се головите, а би требало да ги има многу. Евентуално 2-3 (2,00) бидејќи веќе три години на средбите на овие тимови голеадите ги нема. Сепак, ако некој верува дека е време Реал и Севиља да се распукаат, најинтересна комбинација е 1+I&2+II – квотата е 2,75.