• Мартин Танасковски
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ја одигра својата прва контролна средба пред почетокот на новата сезона, совладувајќи го Леганес со 4-1.
Натпреварот се одигра на теренот број седум во тренинг-комплексот на клубот и беше целосно затворен за јавноста, со ептен строги правила, па дури и медиумите немаа пристап ниту во близина на објектот.
Според извештаите од Шпанија, иако Леганес прв го отворил резултатот, избраниците на Чаби Алонсо до крајот на првото полувреме успеале да направат целосен пресврт. Второто полувреме донело уште поубедлива игра на „кралевите“, кои ја заокружиле победата со четири погодоци во своја корист.
Стрелци на мечот за Реал Мадрид биле Милитао, Брахим, Хујсен и младиот играч Питарч. Деби во кралскиот клуб имал Карерас, а Мбапе за првпат ја носел десетката која ја наследи од Лука Модриќ.

