Реал Мадрид ќе тргне по плејмејкер, од трансферот ќе профитира и Динамо

Реал Мадрид е спремен да тргне по потписот на Дани Олмо од РБ Лајпциг. Одличниот шпански плејмејкер беше мета на многу клубови, ама ретко кој може да ги задоволи барањата на германскиот клуб. 

РБ Лајпциг за услугите на Олмо бара 75 милиони евра, што за „кралевите“ нема да биде огромен проблем. За него силно заинтересирана беше и Барселона, но во Каталонија пристигна Феран Торес, па Реал остана како главен во трката за неговиот потпис. 

Доколку трансферот се реализира, сериозна придобивка ќе има и Динамо Загреб. Хрватскиот клуб го продаде Олмо во РБ Лајпциг за сума од 22 милиони евра, но и 20% од следниот трансфер. Договорот е од сумата да се одбијат веќе платените 22 милиони, па доколку Лајпциг добие 75, Динамо ќе заработи над десет милиони евра. 

Популарните „модри“ се познати по своите зделки со кои се истакнуваат на Балканот. Дани Олмо пристигна во Динамо како бесплатен играч од школата „Ла Масија“ на Барселона, а за него Динамо ќе инкасира преку 30 милиони евра.