Реал Мадрид ќе гостува кај Легија под затворени врати и без навивачи

Легија навивачи инцидент

Екипата на Легија од Варшава доби казна од дисциплинскиот комитет на УЕФА, поради инцидентите на дуелот со Борусија Дортмунд. 

Полската екипа e казнета со 80.000 евра и забрана за присуство на навивачи на еден натпревар. Тоа ќе биде натпреварот во четвртото коло, во кое Реал Мадрид гостува во Полска. 

Инцидентот на трибините настана во првото полувреме од дуелот против Борусија Дортмунд, при водство на гостите од 0-3.