• Мартин Танасковски

Екипата на Реал Мадрид ќе го обжали директниот црвен картон на Џуд Белингем, кој му беше покажан на гостувањето кај Осасуна, пренесуваат шпанските медиуми.
Главниот судија, Хозе Луис Мунуера Монтеро, го исклучи Англичанецот поради пцовки, ама од Реал Мадрид потенцираат дека Белингем не испратил пцовка кон судијата, туку кажал нешто сосема друго. Сепак, судијата разбрал дека му било кажано „F*ck you“, поради што и официјално го исклучил Белингем, а тоа е причината што ја опиша во својот извештај.
Англичанецот се соочува со минимална суспензија од два натпревари поради директното исклучување, но може да се соочи со многу посериозна казна доколку се прифати дека тој навистина го навредил судијата.
Поради оваа причина, клубот ќе се жали на црвениот картон, обезбедувајќи видео снимка од ситуацијата, како и неточната формулација во извештајот на Мунуера Монтеро.