Реал Мадрид ја засили голманската позиција со Андриј Лунин од Зорја

Флорентино Перез го потпиша првиот фудбалер за претстојната сезона, а тоа е 19-годишниот голман на Зорја Луганск, Андриј Лунин. Покрај „кралскиот клуб“ сериозно заинтересирани за младиот Лунин беа и тимовите на Ливерпул, Рома и Реал Сосиедад.

Целокупната зделка изнесува 14 милиони евра, а допрва Лопетеги ќе треба да одлучи дали 191 сантиметри високиот Украинец ќе биде веднаш дел од Реал Мадрид или наредната сезона ќе биде пратен на „калење“ во некој друг клуб.

Со доведувањето на Лунин, кој се смета за еден од најдобрите млади голмани, Флорентини Перез не се откажува од доведување на врвен голман, кон треба да биде конкуренција на Костариканецот, Кејлор Навас.