ВИДЕО: Реал Мадрид ја уништи Барселона во финалето на Суперкупот!

Екипата на Реал Мадрид е освојувач на шпанскиот Суперкуп. „Кралевите“ во финалето ѝ нанесоа тежок пораз на Барселона (4-1) и така го зголемија притисокот врз Чави на кој не му оди баш најдобро на домашната сцена оваа сезона.

  • Извештај од натпреварот:

Фантастична вечер имаше мадридскиот колектив кој се врати на тронот по едногодишен пост. Воедно, ова беше четиринаесетта титула за Реал Мадрид во Суперкупот, со што тимот се израмни со лутиот ривал Барселона на врвот - и двата клуба имаат по 14 освоени трофеи.

Дефинитивно играч на натпреварот е Винициус Жуниор. Бразилецот имаше свое шоу и даде хет-трик во мрежата на Барселона. Сите три гола беа во првото полувреме, а еднаш за Барселона стрелаше Роберт Левандовски. Во второто полувреме за Реал Мадрид погоди Родриго. Каталонскиот клуб го заврши мечот и со играч помалку затоа што поради втор жолт картон исклучен беше Араухо.

Ова е одличен старт на годината за Реал Мадрид. Кралскиот клуб сега е фокусиран на домашната Примера, како и на настапите во Купот на Кралот и на Лигата на шампионите каде се посакуваат трофеите. Мисија на Анчелоти е да дојде до сите одличја оваа сезона, но се работи за доста тешка задача затоа што конкуренцијата е голема.

Состави

Карло Анчелоти

4-3-1-2

    Чави

    4-3-3