• Саше Љолес
Шпанскиот фудбалски великан, Реал Мадрид, официјално поднесе тужба против Европската фудбалска унија (УЕФА), обвинувајќи ја за злоупотреба на доминантна положба и нарушување на конкуренцијата при спречувањето на проектот „Европска Суперлига“.
Тужбата следи по одлуката на Мадридскиот покраински суд, кој ги одби жалбите на УЕФА, Примера и Шпанската фудбалска федерација, потврдувајќи дека Европската куќа на фудбалот ги прекршила правилата на Европската Унија за слободна конкуренција.
Од клубот соопштија дека ќе бараат „значителна компензација“ за претрпените штети, а според медиумите, износот може да достигне до 4,5 милијарди евра.
УЕФА, пак, реагираше дека пресудата не претставува одобрување на напуштениот проект „Суперлига“, туку се однесува само на процедурите околу регулацијата на натпреварувањата.
Овој случај би можел да има големи последици за иднината на европскиот клубски фудбал и односот меѓу клубовите и управувачките тела.
