• Иван Димовски
Реал Мадрид го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2026/27, а дизајнот веднаш привлече големо внимание кај навивачите ширум светот. „Кралскиот“ клуб останува верен на препознатливата бела боја, но овојпат во соработка со „Адидас“ се одлучи за неколку впечатливи детали кои му даваат поинаков изглед на новиот комплет.
Најзабележителна промена се трите розови линии на ракавите, додека дресот е дополнет и со темнозелени елементи околу јаката и завршетоците на ракавите.
Cine.@adidasfootball pic.twitter.com/QJjH4vL4SK
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 3, 2026
Од „Адидас“ истакнуваа дека покрај визуелниот изглед, новиот дрес е изработен со најсовремена технологија која овозможува подобра циркулација на воздухот и поголема удобност за фудбалерите во текот на натпреварите.
Со новиот изглед, Реал Мадрид ќе ја започне сезоната во која повторно ќе атакува на трофеи во домашните и европските натпреварувања. Останува да се види какви реакции ќе предизвика новиот дизајн меѓу најверните фанови на „кралевите“.
