Реал Мадрид го претставува новото засилување во наредните 24 часа

Од поодамна беше познато дека Реал Мадрид ќе прави големи промени во екипата, особено по кам-бекот на Зинедин Зидан.

Францускиот тренер се врати во „кралскиот“ клуб, но постави ултиматум. За да ја продолжи кариерата во својот поранешен тим, тој побара неколку имиња на кои Флорентино Перез, претседателот на клубот, даде позитивен одговор.

Веќе се обезбедија потписите на Родриго, Милитао, Лука Јовиќ и Еден Азар, а во наредните 24 часа ќе биде официјализирано уште едно засилување.

Се работи за Ферланд Менди од екипата на Лион, фудбалер кој игра на левата бековска позиција. 

Сите детали од неговиот трансфер во Мадрид ќе бидат познати набрзо, а се шпекулира откупна сума од нешто помалку од 50 милиони евра.