• Саше Љолес

Шпанскиот великан Реал Мадрид официјално го претстави новото засилување за одбраната, а тоа е Дин Хуијсен, кој дојде од таборот на англискиот Борнмут за сума од 53 милиони евра.
Трансферот беше потврден уште пред неколку недели, а сега конечно доби и официјализација. Младиот Холанѓанец изјави дека е горд што ќе го носи дресот на најславниот светски клуб и најави голема борба за сите трофеи.
„Ова е домот на најдобриот клуб на планетата. Тука се игра прекрасен фудбал, а тимот е секогаш подготвен за највисоки достигнувања. Се надевам дека мојот трансфер ќе се покаже како успешен, а јас ќе се трудам со сите сили да оставам што подобар впечаток.
Знаеме што се бара од нас, мораме секогаш да сме на највисоко ниво. Тоа е стандардот на Реал Мадрид и нема отстапување од мисијата. Ви благодарам за приемот и голем поздрав до нашите навивачи“, рече Хуијсен.
Дваесетгодишниот Холанѓанец е роден во Амстердам, кариерата ја започна во Јувентус, а потоа премина во Борнмут за сума од 15 милиони фунти.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.