ВИДЕО: Реал Мадрид го повтори успехот од Скопје и петти пат го освои УЕФА Суперкупот!

Реал титула

Реал Мадрид ја освои петтата титула во УЕФА Суперкупот и се израмни на врвот на вечната листа со Милан и Барселона. Победникот во Лигата на шампионите во денешниот дуел во Хелсинки го совлада Ајнтрахт Франкфурт (2-0) и стигна до првиот трофеј во новата сезона.

  • Извештај од натпреварот:

Шпанскиот гигант беше фаворит на овој меч и тоа го покажа на терен. Од самиот почеток доминираше и ја имаше контролата врз топката. Тоа донесе неколку зицери за Винициус Жуниор и Карим Бензема. Кога офанзивците на мадриѓани не ја искористија шансата, тоа го направи Давид Алаба, кој по еден корнер се најде на вистинското место за да ја затресе мрежата на Кевин Трап.

Тибо Куртоа одново се истакна и го спаси својот тим. Пред примениот погодок, бундеслигашот имаше прилика прв да поведе. Голема шанса во дуел еден на еден промаши Даичи Камада, кој шутираше недоволно добро за да го надмудри белгискиот голман. Завршницата од полувремето им припадна на „кралевите“, кои го заокружија доброто издание со уште неколку обиди, кои сепак не им донесоа радост за двојна предност.

По десетина минути мирно надигрување во продолжението, Реал запиша прва закана. Винициус собра една топка во противничкиот казнен простор и биеше со левата нога. Трап со многу среќа реагираше и спречи повисока негатива на својот тим. Потоа Касемиро за малку не ја пронајде целта и шутираше од далечина во пречката од голот на Ајнтрахт. Тоа беше ново предупредување за германскиот тим во овој дел од мечот.

Подобрата игра Реал ја круниса со втор погодок за конечни 2-0. Винициус Жуниор асистираше до Карим Бензема, кој шутираше од прва и успеа да се запише во листата на стрелци. Тоа беше моментот кој го одлучи победникот. Екипата на Франкфурт како да се откажа и го прифати поразот, со оглед на високата негатива против квалитетниот противник.

Мадридскиот клуб го потвори успехот од 2017 година, кога во Скопје се израдува на последниот успех во Суперкупот. Сега со пет трофеи ја дели првата позиција на вечната листа најуспешни екипи.

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Dino Toppmoller

    3-4-2-1