Реал Мадрид го подготвува најголемиот трансфер во историјата!?

Реал Мадрид го подготвува најголемиот трансфер во историјата! Феноменалниот Флоријан Вирц, играч на Баер Леверкузен, е голема желба на Кралскиот клуб.

Мадриѓани се подготвени за него да одвојат дури 150.000.000 евра. Доколку се остварат најавите на престижните медиуми „Билд“ и „Марка“, Вирц ќе стане најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид. Ќе го надмине Еден Азар за кого шпанскиот клуб плати сума од 120.800.000 евра.

Инаку, Вирц имаше одлична сезона во дресот на Баер Леверкузен. На 49 натпревари постигна 18 гола и 20 асистенции и е еден од најзаслужните играчи за освојувањето на двојната круна.