Реал ќе извиси, Мбапе има изненадувачки план за својата иднина

Мбапе Гвардиола

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, призна дека нема да гарантира дека Килиан Мбапе уште долги години ќе ги брани боите на клубот.

Францускиот голгетер не сака да стави потпис на нов договор со „принцевите“. Неговата тековна соработка е до 2022 година, но се чини дека тој ќе бара начин да си замине и да ја продолжи кариерата надвор од Лига 1.

Често неговото име се поврзува со Реал Мадрид, но сега во игра влегува уште еден клуб. Младиот напаѓач сака да соработува со Пеп Гвардиола, шпанскиот тренер, кој моментално работи во Манчестер Сити.

Мбапе верува дека најголем напредок во кариерата ќе има покрај него, па размислува да им даде шанса на „граѓаните“.

Договорот на Шпанецот со англискиот првак истекува во 2021 година, а до тогаш тој потврди дека нема шанси да си замине.