• Саше Љолес

Репрезентативецот на Канада, Алфонсо Дејвис, беше на чекор од потпис со славниот Реал Мадрид, но изгледа дека овој трансфер пропаѓа и тој останува во редовите на Баерн Минхен, јавуваат германските медиуми.
Талентираниот фудбалер го прифатил новиот договор од баварскиот гигант и останува во Минхен, со што стави крај на сите шпекулации за неговата иднина. Реал Мадрид беше подготвен да плати сума од 40 милиони евра за неговите услуги, но се повлече во моментот кога Баерн ги зголеми побарувањата за дополнителни дваесет милиони.
Претседателот Флорентино Перез се надеваше дека ќе успее да го добие бесплатно следното лето, но Дејвис сепак потпиша нова соработка, со која би требало да остане во Германија до 2028 година.
Се шпекулира дека Реал би тргнал во уште една офанзива за неговиот потпис, но тешко дека Баерн сега ќе реши да го ослободи, дури и ако „кралевите“ понудат над 60 милиони евра. Дејвис досега во гигантот од Минхен одигра 148 натпревари во сите конкуренции.