• Зоран Мишевски
Женските екипи на Реал Мадрид и ПСЖ одиграа нерешено 1-1 во нивниот прв натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите за жени. Натпреварот кој се одигра на стадионот „Алфредо Ди Стефано“ имаше чуден тек, а преодна оценка доби нашата интернационална судијка Ива Пројковска.
Германската тинејџерка Фелисија Шредер го отвори резултатот уште во втората минута од натпреварот по асистенција на Аријана Карузо. Шпанската екипа имаше неколку одлични шанси да ја осигури победата (вклучувајќи и удар во стативата на Шредер), но не успеа да постигне втор гол. Во 74. минута, ПСЖ избори најстрога казна, која капитенот Сакина Каршауи успешно ја претвори во погодок за конечни 1-1.
Натпреварот помина во фер атмосфера без црвени картони, а Пројковска уште еднаш покажа зошто се наоѓа на листата на елитни судии на УЕФА. Дуелот беше коректен, а беа покажани четири жолти картони за Елиса Сенс, Сакина Каршауи, Тиниба Самура и Атенеа дел Кастиљо.






