Реал и „Адидас“ рушат рекорди: Ќе го потпишат најголемиот спонзорски договор во историјата

Реал Мадрид и една од најголемите компании за спортска опрема „Адидас“ се пред реализација на најголемиот спонзорски одговор во историјата на фудбалската игра.

Како што пренесува „Марка“, кралскиот клуб и германската компанија ќе потпишат десетгодишна соработка чија вкупна вредност ќе има од неверојатни 1,6 милијарди евра. Тоа значи дека Реал Мадрид годишно ќе инкасира по 160 милиони евра, што практично обезбедува едно или две големо засилување. 

За каков договор се работи најдобро може да се спореди со оној на „Адидас“ потпишан со Манчестер Јунајтед, кој тежи 90 милиони евра годишно. За ова лето Реал се подготвува за голема реконструкција во своите редови, па овие средства од „Адидас“ се разбира дека ќе бидат добредојдени за Перез и Зидан.