ВИДЕО: Реал го среди Ал Ахли и ќе се бори за титулата светски првак!

Фудбалерите на Реал Мадрид се радуваше во натпреварот против Ал Ахли со 1-4 (0-1), во рамките на полуфиналето на Светското клупско првенство. Иако египетскиот претставник долго се држеше без примен гол, прими два брзи на крајот на првото и стартот на второто полувреме, а потоа и уште два за заверка на пласманот.

На почетокот на мечот Ал Ахли имаше две шанси преку Шериф и Абделмонем, меѓутоа немаше погодок. На спротивната страна одлична можност имаше Винициус Џуниор, како и Родриго кој ја погоди стативата. Резултатот беше отворен по 42. минути игра, откако Жуниор стрела по грешка на противничката одбрана за 0-1

Веднаш на стартот на продолжението стрелаше и Феде Валверде, уште во првата минута на второто полувреме. Уругваецот искористи одбиена топка и ја материјализира за удвојување на позитивата (0-2). Ал Ахли се обиде да се врати, па доби казнен удар по фаулот кој го направи Камавинга. Сигурен од 11 метри беше Али Малул за 1-2 во 64. минута од мечот. 

Во самиот финиш на мечот, по налетите на противникот, Реал стави точка на победата. Прво во 92. минута Родриго зголеми на 1-3, за потоа конечниот резултат да го постави младиот Серхио Арибас во осмата минута од судиското продолжение.

Состави

Marcel Koller

4-5-1

    Карло Анчелоти

    4-3-3