Реал го потврди бројот кој ќе го носи Мбапе, клубот има и нова „осумка“

Реал Мадрид потврди дека во следната сезона новата ѕвезда Килиан Мбапе ќе настапува со бројот девет на својот дрес.

Иако имаше долги шпекулации околу тоа која бројка Французинот ќе ја добие, „кралевите“ ставија крај. Десетката останува во сопственост на Лука Модриќ, а Мбапе ќе ја задолжи деветката. Можеби по заминуањето на Хрватот во пензија или од клубот младата ѕвезда ќе го добие посакуваниот број. 

Исто така во посебно соопштение Реал потврди дека официјалната презентација на Мбапе во клубот ќе биде на 16 јули во 12:00 часот напладне.

Исто така, клубот потврди и други промени на дресовите. Реал добива нова „осумка“, бидејќи бројот на Тони Крос го презеде Федерико Валверде. Исто така, Едуардо Камавинга кој досега беше 12, отсега ќе го носи дресот со број шест. Чуамени ја задолжи 14, Ѓулер ќе биде 15. и Ваљехо 18.