Реал добива сериозен конкурент за Мбапе од Премиер лигата

Мбапе Ливерпул трансфер

Години наназад се пишува за трансферот на Килиан Мбапе во Реал Мадрид. Французинот сонува да го облече дресот на мадриѓани, но за него постои интерес од голем број европски гиганти.

Меѓу нив е и Ливерпул кој планира сензационална понуда до ПСЖ. Наводно, тимот од „Енфилд“ ќе се обиде да го убеди младиот талент со годишна плата од 34 милиони евра, што е далеку повисока од онаа што би можел да ја добие во Шпанија.

„Црвените“ ќе платат обештетување од 215 милиони евра и подготвени се парите да го соберат така што ќе го продадат Мохамед Салах, првата ѕвезда на екипата.

Дополнително финансиско олеснување за премиерлигашот ќе биде договорот со „Најк“ за кој ќе добива 80 милиони евра секоја година.

Мбапе ќе биде пред голема дилема наредното лето во кое ќе одлучува за својата иднина. Дали ќе остане во Париз, или пак, ќе им даде шанса на Примера или Премиер лигата?