Реал будно ги следи случувањата на Манчестер и ја „мерка“ најголемата ѕвезда

Зидан Сити

Тешките моменти низ кои минува Манчестер Сити би можеле да значат губење на клучните играчи.

Тимот на Пеп Гвардиола доби казна од УЕФА и нема да настапи во Лигата на шампионите во наредните две години. Исто така касата ќе мора да ја испразни за 30 милиони евра, а дополнително се разгледува санкција во вид на одземање бодови и исфрлање на клубот во третата англиска лига.

Ваквите шпекулации носат добри вести за сите останати европски гиганти кои се заинтересирани да соработуваат со неколку ѕвезди на „граѓаните“.

Меѓу нив е Реал Мадрид кој постојано следи што се случува на „Етихад“. Причината е Кевин Де Брујне и неговата иднина. Најдобриот фудбалер на премиерлигашот би можел да се одлучи да си замине, а „кралевите“ сакаат да имаат предност во однос на останатите за неговиот потпис.

Лидерот во Примера исто така не заборава на Серхио Агуаро и Рахим Стерлинг. Кога е во прашање Реал скоро и невозможно е некој од овие тројца да не заврши на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.