Реал без стандарден дефанзивец на првото „Ел Класико“?

Милитао

Бразилецот Едер Милитао ја напушти репрезентацијата, откако доживеа повреда, поради која ќе мора да прави кратка пауза.

Дефанзивецот го повреди мускулот на десната нога и би можел да го пропушти првото големо дерби оваа сезона против Барселона. „Ел Класико“ средбата е закажана наредната недела.

Ова се лоши вести за Карло Анчелоти. Италијанскиот тренер солидно ја започна сезоната, но запиша неколку изненадувачки порази, поради што е на мета на навивачите и управата.

Пред да се сретне со Барса, „кралскиот“ клуб ќе одигра меч со Шахтјор, во рамки од Лигата на шампионите.

Овој викенд Реал нема да се појави на терените. Дуелот со Атлетик Билбао е одложен, поради настапот на неколку јужноамерикански интернационалци во квалификациите за Мундијалот.