Реал, Барса и Јуве слават „победа“: УЕФА ја стопира истрагата против суперлигашите

Пред нешто повеќе од еден месец се крена голема прашина кога неколку европски фудбалски великани решија да формираат ново натпреварување – Суперлига.

Дванаесет европски клуба ја шокираа фудбалската јавност со одлуката за формирање на новата затворена лига, која ќе им донесеше огромни приходи, далеку поголеми од оние кои ги добиваат од УЕФА.

Сепак, овој проект траеше само 24 часа. Први кои се откажаа од идејата за Суперлига беа шесте англиски клуба, а потоа своето заминување го најавија и уште три тима, но не и Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. 

Двата најголемите шпански тимови и „старата дама“ сè уште се во „таа приказна“, иако УЕФА им се закани со големи казни и санкции. Сепак, тоа нема да се случи, откако од европската „Куќа на фудбалот“ соопштиле дека истрагата против суперлигашите е стопирана.

Оваа одлука на УЕФА доаѓа по само неколку дена откако трите клуба доставиле документација до судот во Мадрид, со која тврдеа дека УЕФА нема основа да им се заканува и да ги казнува.